Ловечката Федерација на Македонија не е сама, со неа е FACE-Федерацијата на Европските ловни асоцијации! Македонските ловци не се сами, со нас се ловците од Европа!

Претседателот на ЛФМ Влатко Алексовски, учествуваше на средбата на членките на FACE, која се одржа во Софија, при што во свое обраќање го презентираше проблемот кој ни се наметнува со најавените штетни измени на законот за оружје, при што доби безрезервна поддршка од Европската Федерација FACE, од Претседателот на FACE Торбјорн Ларсон, Генералниот секретар Дејвид Скалан, како и од сите членки. FACE ќе се обрати официјално со допис до Владата, Парламентот и канцеларијата на ЕУ делегацијата во Скопје, во знак на поддршка на заложбите на ЛФМ за спречување на штетните измени на законот за оружје и комплетно имплементирање на Европската директива 2021/555.

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ДРЖАВАТА ДА НИ ГИ РАЗОРУЖУВА ЛОВЦИТЕ.
Благодарност до FACE!