Ловечката Федерација на Македонија е граѓанска организација формирана на 18 април 1946 година.
Оваа организација е најстара и најмасовна во целата држава.
Основна цел поради која е формирана е да ги обединува локалните ловечки организации, да се бори за нивните интереси, да се залага за подем на ловството и заштита на природата.
ЛФМ ги обединува ловците, младите луѓе и љубителите на природата.
Бројката на ловци постојано варира, но се движи околу 37 000 ловци.
Целата територија на државата е поделена на 266 ловишта, од кои 10 се со посебна намена, во национални паркови, 1 е за научно-наставни цели, 5 се државни и 250 се концесиски ловишта.
Македонските ловишта се посакувана дестинација за посета и лов на домашните и странски ловци бидејќи во нив се застапени сите видови на автохтон дивеч како и многу видови на алохтон дивеч. ЛФМ на меѓународен план е членка на Меѓународниот организација за заштита на дивеч и диви животни ( CIC) и учествува во повеќе проекти од меѓународен карактер.
На внатрешен план, ЛФМ учествува во работни групи за изработка на закони кои директно влијаат во одобрувањето на состојбата во ловството, како што се: законот за дивеч и ловство и законот за оружје. ЛФМ е социјален партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
ЛФМ организира натпревари во ловно – спортско стрелаштво, смотри за регистрација на ловечки кучиња, врши евиденција и оценување на ловечки трофеи како и организација на државна изложба на ловечки трофеи.
Главната мисија на ЛФМ е одржување и зачувувањена природата и животните кои живеат слободно во неа, како и совесно управување со дивечот и ловиштата, односно серија од меѓусебно поврзани активности во полето на управување со дивечот вклучително и грижа за постојан развој на овие вредности.
Дополнително, мисијата на ЛФМ е законско и совесно управување со дивечот како составен дел на природата.
Мисијата на ЛФМ се остварува со:
- Подршка на развојот на управувањето со дивечот и заштита на природата во соработка со други организации како и државни органи;
- Унапредување на ловната кинологија, како и користење за лов исклучиво на чисти раси на ловечки кучиња;
- Организирање натпревари во ловно – спортско стрелаштво;
- Негување на ловечките обичаи и традиција кои промовираат управување со дивечот и зачувување на природата;
- Поттикнување и охрабрување на младите луѓе да станат ловци;
- Едукација и подигање на јавната свест на ловците и на неловечката популација за значењето на ловство како стопанска дејност, одгледувањето и заштитата на дивечот и суштината на самиот лов во духот на ловечката етика, ловечката традиција и обичаи;
- Соработка со домашни и странски ловечки орнанизации;