Соколарство по дефиниција представува лов со дресирана птица грабливка. Се смета дека е еден од најстарите начини на лов во историјата, за што потојат и податоци кои датираат 4.000 години наназад. Претпоставките се дека се појавува за првпат во степите на Азија, а својот расцут го доживува до самото откривање на барутот. Со изумот на барут и огненото оружје, соколарството останува практикувано само од мала група луѓе, вистински пасионирани заљубеници во ловот со птици грабливки.
Важно да се напомене е дека ловот со соколи, јастреби и орли е далеку по непродуктивен од ловот со пушка. Со самото тоа соколар во ловиштето неможе да направи никаква штета на дивечот, ниту на околината. Единките дивеч кои се уловени секогаш се оние примероци кои природната селекција би ги селектирала, а не човекот. Грабливките во природата ја вршат токму таа улога – ги ловат по слабите единки, а со тоа го прочистуваат генетскиот материјал на оние единки кои се предодредени да продолжат со размножување и опстанок на видот. Природна селекција

Соколораството за разлика од ловот со огнено оружје подразбира секојдневна грижа за грабливката, без разлика дали е ловна сезона или не. Имено за грабливката да биде здрава и во форма потребни се најмалку 3-4 дена во неделата таа да лета и да одржува кондиција, за во ловната сезона да биде во форма со која ќе може да се натпреварува со дивечот. 

Во далечната 2005та година мала група на ентузијасти го оформува здружението за заштита и одгледување птици грабливки ЈАРАК – Скопје, со цел за развој на легално и законски регулирано соколарство по теркот на земјите членки на ЕУ. Заштита на птиците грабливки во природата, нивни гнездилишта, обезбедува хранилишта и прихрана, мониторинг, едукација на јавноста, како и рехабилитација и помош на повредени грабливки и нивна реинтродукција.

Како резултат на ангажманот и посветеноста во 2006та година успеавме да обезбедиме донација од Австријската соколарска асоцијација ( Osteraichen Falken bund) од 4 единки сив сокол – falco peregrinus. Првиот увоз на соколи во Македонија беше комплетно во соработка со Министерството за Животна средина, како и Агенцијата за Храна и ветеринарство и за тоа постои соодветна докуметација.

Таа година со JARAK стануваме земја дописничка во IAF- Интернационална асоциација за соколарство.

Како прв и единствен клуб од таков вид во државата во мај месец 2007та на покана на ЦИЦ (CIC- international council for game and wildlife conservation) учествува претседателот на Јарак инж.агр. Огнен Поленак како единствен представник од Македонија на 54то генерално собрание на ЦИЦ каде одржува кус говор пред поширок аудиториум за историјатот, активностите, плановите и предизвиците на ЈАРАК, 2-5 Мај,  Белград ,Република Србија.

Во 2007та година на покана на ИАФ ( Интернационална асоцијација за соколарство) со двајца наши претставници учествувавме на првиот соколарски фестивал во светот каде  соколари од сиот свет се собраа во  Реадинг близу Лондон, Обединето кралство. За првпат македонското знаме се развиори и во оваа дисциплина покрај 82 други држави.

Остваривме соработка со IWC ( International wildlife consultants) на чело со Др.Ник Фокс и Др.Ендру Диксон околу собирање генетски материјал за понатамошни ДНК анализи околу евентуалното заедничко потекло на видот Falco biarmicus feldeggi  и Falco cherrug. Резултатите од лабараториските днк анализи беа објавени во часописот FALCO.
 

2009та година со помош, лобирање и соработка со катедрата по ловство при Шумарскиот факултет од Скопје, успеваме да се вметне соколарството и ловот со лак и стрела, во измената на законот за ловство.

Истата година ја добиваме и првата принова од 3 изведени соколи во домашни услови во Македонија, а со тоа обезбедуваме легални птици за употреба во соколарството за нас и за идните македонски соколари.

Во 2009та ја организираме и одржуваме првата соколарска средба во Македонија.

Соколари од десно – Зоран Анастасијески, Зоран Миладиновски, Горан Младеновски, Димитар Деспотовски, Огнен Поленак, Дејан Петровски, Александар Батинич

 Во 2010 година на 16 Ноември УНЕСКО (UNESCO)го прогласува соколарството за нематеријално културно наследство!

 Во таа пригода датумот 16 Ноември е прогласен за светски ден на соколарството.

По извонредно успешниот прв соколарски фестивал во Англија, Арапските Емирати ја превземаат сета организација за наредните соколарски фестивали и следниот фестивал го организираат во АЛ АИН, близу Абу Даби во Декември 2011 та година. На барање на организаторите сите присатни беа облечени во своите традиционални народни носии и обувки.со намера секоја земја да се претстави во што по афтентичен изглед. Делегатите и соколарите имаа можност да го претстават соколарството во своите земји,се стекнаа нови контакти со многу влијателни луѓе, познати ликови од светот на соколарството, ветерани и тн. Се споделија и научија многу различни методи карактеристични за регионите во светот и традициите на соколарство. Секако и таму ја преставивме нашата татковина во својство на еден вид амбасадори.

Со неговата екселенција Шеик Мохамед Ал Боварди

 

По само неколку дена на состанокот на делегати на ИАФ во Абу Даби, Јарак станува полноправна членка со право на глас.

На покана на организаторот на Скопскиот Саем за Туризам одржан на 10.04.2014 година учествуваме со посебен штанд и изложени грабливки во функција на развој на овој редок но постоечки вид на ловен туризам. Ги претставивме и можностите за користење на птици грабливки во биолошка заштита од птици како сколовранци кои вршат огромни штети на лозовите насади.

 

Годините кои следат ги исполнуваме со многубројни едукативни посети од основни училишта до високообразовни институиции факултети. Редовна соработка имавме со Шумарскиот и Ветеринарниот факултет од Скопје. Пракса стана еднаш во годината професори да ги изведат своите студенти на терен каде студентите од поблизу се запознаваат со биологијата и животот на птиците грабливки , разлики меѓу видовите и нивни морфолошки и физиолошки карактеристики.
 

 

Со професор Мишо Христовски и студенти по ветеринарна медицина.

 

Рехабилитација и помош

Како директно засегнати во светот на грабливките и единствени со соодветно знаење за нив, често помагаме и на заштитени видови кои се нашле во невоља.

Египетски мршојадец некогаш чест, а денес се поредок убавец –санитарец во       природата.По успешна неколку месечна рехабилитација повторно ослободен .на истата локација каде беше пронајден во Мариово.

 

Во снежни зимски денови кога на дивечот му е најпотребна помош за опстанок, членовите на Јарак во соработка со ловни здруженија вршат прихрана. На фотографиите прихрана во ловиште Жеден.

Во 2022 година, благодарение на слухот и разбирањето на раководството и претседателот на ЛФМ, господинот Влатко Алексовски, конечно ЈАРАК станува членка во Ловната Федерација на Македонија.

На организираната изложба и оцена на трофеи од страна на ЛФМ, Јарак учествуваше со свој штанд, каде соколарите ги изложија своите птици, делови од соколарската опрема а имаше и кратка фото-видео презентација. Се потрудивме во најдобро светло да се претставиме пред пошироката ловечка јавност и на секој знатижелен посетител да му посветиме внимание и да одговориме на поставените прашања.

 

 

Со ист ентузијазам продолжуваме понатаму, соколарски поздрав – Огнен Поленак.