Почитувани, согласно член 38 став 5 и член 65 став 1 од Законот за дивечот и ловството, службен весник бр.263 од 12 декември 2023 година, секој полнолетен граѓанин, кој поднел барање за полагање на ловечки испит, мора претходно да помине обука за полагање на ловечки испит, за која ќе добие потврда за спроведената обука издадена од Ловечката Федерација на Македонија. Согласно решението бр.50-3396/1 од 13 март 2024 година, издадено од МЗШВ, надоместокот за спроведување на обуката за полагање на ловечки испит ќе изнесува 1200 денари. Средствата може да ги уплаќате на следната жиро сметка: 300000001023580
Примач:Ловечка Федерација на Македонија
Депонент:Комерцијална банка ад Скопје
Цел на дознака: обука за ловечки испит
Обуките ќе се вршат во просториите на Ловечката Федерација на Македонија, улица Никола Вапцаров број 7А Скопје.
За термините и групите на кандидати ќе бидете информирани на официјалната веб страна на ЛФМ: www.lfm.mk како и на фб профилот и фан страната на Ловечката Федерација на Македонија.
Со почит, ЛФМ.
Добар поглед!