
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИ ИСПИТ
Почитувани, секој полнолетен граѓанин, кој сака да полага ловечки испит, мора претходно да помине обука за полагање на ловечки испит, за која ќе добие потврда за спроведената обука издадена од Ловечката Федерација на Македонија.
Средствата може да ги уплаќате на следната жиро сметка: 300000001023580
Примач:Ловечка Федерација на Македонија
Депонент:Комерцијална банка ад Скопје
Цел на дознака: обука за ловечки испит
Уплата:1200 денари
Обуките ќе се вршат во просториите на Ловечката Федерација на Македонија, улица Никола Вапцаров број 7А Скопје.
За термините и групите на кандидати ќе бидете информирани на официјалната веб страна на ЛФМ www.lfm.mk , како и на фб профилот и фан страната на Ловечката Федерација на Македонија.
Сите кандидати кои уплатиле или ќе уплатат за следење на обука за полагање на ловечки испит, да пополнат барање и заедно со уплатницата да ги испратат скенирани на следниот е-маил: lfm_makedonija@hotmail.com , а на денот на обуката, барањето и уплатницата да ги донесат во оригинал! Списокот на кандидатите ќе биде објавен по пристигнувањето на вашите барања.
Во прилог: барање
https://drive.google.com/file/d/12b1knQc05LlvIhYSgIIfK_7HUrjE0c6X/view?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2xsIhLJSGTFjc4QcAhcamNjxTUlmwKN2hXLnCiRnat21jAbpkx3BxQFL8_aem_MEi5o5PNrdPy7KEhiNY2KA
ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Сите кандидати кои уплатиле или ќе уплатат за следење на обука за полагање на ловечки испит, да пополнат барање и заедно со уплатницата да ги испратат скенирани на следниот е-маил: lfm_makedonija@hotmail.com , а на денот на обуката, барањето и уплатницата да ги донесат во оригинал!
Во прилог: барање
Почитувани, согласно член 38 став 5 и член 65 став 1 од Законот за дивечот и ловството, службен весник бр.263 од 12 декември 2023 година, секој полнолетен граѓанин, кој поднел барање за полагање на ловечки испит, мора претходно да помине обука за полагање на ловечки испит, за која ќе добие потврда за спроведената обука издадена од Ловечката Федерација на Македонија. Согласно решението бр.50-3396/1 од 13 март 2024 година, издадено од МЗШВ, надоместокот за спроведување на обуката за полагање на ловечки испит ќе изнесува 1200 денари. Средствата може да ги уплаќате на следната жиро сметка: 300000001023580
Примач:Ловечка Федерација на Македонија
Депонент:Комерцијална банка ад Скопје
Цел на дознака: обука за ловечки испит
Обуките ќе се вршат во просториите на Ловечката Федерација на Македонија, улица Никола Вапцаров број 7А Скопје.
За термините и групите на кандидати ќе бидете информирани на официјалната веб страна на ЛФМ: www.lfm.mk како и на фб профилот и фан страната на Ловечката Федерација на Македонија.
Со почит, ЛФМ.
Добар поглед!
На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа.Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото.
Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ги известуваме сите граѓани кои сакаат да полагаат ловечки испит, дека согласно новиот Закон за ,,дивечот и ловството”, мора прво да поминат обука за полагање во ЛФМ, за која ќе добијат потврда, која е услов при поднесување на барање за полагање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бидејќи Државата е во фаза на донесување на подзаконски акти, со кои надлежноста ќе и биде префрлена на ЛФМ и ќе биде пропишана целата постапка, ви апелираме да не поднесувате барања до МЗШВ, се додека не поминете обука за полагање во Ловечката Федерација на Македонија. За сите формалности, како што се: барање, жиро сметка за уплата, термини и распоред за спроведување на обука, благовремено ќе ве известиме.

Овој закон е целосно усогласен со европските регулативи. Новините кое ги донесува овој реформски закон се многубројни .