Собранието го усвои Законот за дивеч и ловство

Овој закон е целосно усогласен со европските регулативи. Новините кое ги донесува овој реформски закон се многубројни .

  • Имено новина е тоа што на Ловечката федерација и се даваат поголеми јавни овластувања.
  • Од безбедносен аспект се предвидува задолжително обука пред полагањето на ловечкиот испит.
  • Флуоросцентните елеци стануваат задолжителни при ловење на дивеч.
  • Ново е и тоа што ловната сезона започнува порано а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловеч на ден за одделни видови на дивеч.
  • Дополнително, се овозможува законска можност за формирање на полигон за застрел на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч, со што се дава дополнителна мотивација за развој на ловниот туризам како и производство и промет на месо од дивеч.