
Овој закон е целосно усогласен со европските регулативи. Новините кое ги донесува овој реформски закон се многубројни .
- Имено новина е тоа што на Ловечката федерација и се даваат поголеми јавни овластувања.
- Од безбедносен аспект се предвидува задолжително обука пред полагањето на ловечкиот испит.
- Флуоросцентните елеци стануваат задолжителни при ловење на дивеч.
- Ново е и тоа што ловната сезона започнува порано а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловеч на ден за одделни видови на дивеч.
- Дополнително, се овозможува законска можност за формирање на полигон за застрел на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч, со што се дава дополнителна мотивација за развој на ловниот туризам како и производство и промет на месо од дивеч.
