Ги известуваме сите граѓани кои сакаат да полагаат ловечки испит, дека согласно новиот Закон за ,,дивечот и ловството”, мора прво да поминат обука за полагање во ЛФМ, за која ќе добијат потврда, која е услов при поднесување на барање за полагање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бидејќи Државата е во фаза на донесување на подзаконски акти, со кои надлежноста ќе и биде префрлена на ЛФМ и ќе биде пропишана целата постапка, ви апелираме да не поднесувате барања до МЗШВ, се додека не поминете обука за полагање во Ловечката Федерација на Македонија. За сите формалности, како што се: барање, жиро сметка за уплата, термини и распоред за спроведување на обука, благовремено ќе ве известиме.