
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ОБУКА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ЛОВЕЧКИ ИСПИТ
Почитувани, секој полнолетен граѓанин, кој сака да полага ловечки испит, мора претходно да помине обука за полагање на ловечки испит, за која ќе добие потврда за спроведената обука издадена од Ловечката Федерација на Македонија.
Средствата може да ги уплаќате на следната жиро сметка: 300000001023580
Примач:Ловечка Федерација на Македонија
Депонент:Комерцијална банка ад Скопје
Цел на дознака: обука за ловечки испит
Уплата:1200 денари
Обуките ќе се вршат во просториите на Ловечката Федерација на Македонија, улица Никола Вапцаров број 7А Скопје.
За термините и групите на кандидати ќе бидете информирани на официјалната веб страна на ЛФМ www.lfm.mk , како и на фб профилот и фан страната на Ловечката Федерација на Македонија.
Сите кандидати кои уплатиле или ќе уплатат за следење на обука за полагање на ловечки испит, да пополнат барање и заедно со уплатницата да ги испратат скенирани на следниот е-маил: lfm_makedonija@hotmail.com , а на денот на обуката, барањето и уплатницата да ги донесат во оригинал! Списокот на кандидатите ќе биде објавен по пристигнувањето на вашите барања.
Во прилог: барање
https://drive.google.com/file/d/12b1knQc05LlvIhYSgIIfK_7HUrjE0c6X/view?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2xsIhLJSGTFjc4QcAhcamNjxTUlmwKN2hXLnCiRnat21jAbpkx3BxQFL8_aem_MEi5o5PNrdPy7KEhiNY2KA


