СПИСОК на кандидати за обука за полагање на ловечки испит на ден 08.06.2024 година

СПИСОК на кандидати кои ќе следат обука за полагање на ловечки испит на ден 8-ми јуни 2024 година (сабота), во просториите на ЛФМ на ул.Никола Вапцаров бр.7а во Скопје, со почеток во 10 часот. Напомена: секој кандидат да носи лична карта или патна исправа и да ги донесе во оригинал барањето и уплатницата. Кандидатот кој нема да дојде на обуката, ќе се смета дека не ја поминал обуката!
Во продолжение списокот на кандидати:
-Александар Попов
-Ване Крстев
-Иван Поп Ристов
-Горан Андреевски
-Александар Чадамовски
-Томислав Дранго
-Живко Паланков
-Баров Октај
-Димче Шипинкоски
-Никола Магдески
-Антонио Танчев
-Блаже Младеновски
-Џени Шакири
-Никола Цветковски
-Сашко Цветковски
-Јалчин Ибраимов
-Атила Ибраимов
-Еврен Даутов
-Џемал Дулески
-Димитар Ташков
-Ѓорѓи Трпчев
-Никола Димески
-Славе Димов
-Петар Ангеловски
-Давид Ристовски
-Исриф Мусаи
-Омер Алими
-Моме Јакимовски
-Александар Кралев
-Филип Луканоски

СПИСОК на кандидати за обука за полагање на ловечки испит на ден 01.06.2024 година

НОВ ТЕРМИН ЗА ОБУКА!
СПИСОК на кандидати кои ќе следат обука за полагање на ловечки испит на ден 1-ви јуни 2024 година (сабота), во просториите на ЛФМ на ул.Никола Вапцаров бр.7а во Скопје, со почеток во 10 часот. Напомена: секој кандидат да носи лична карта или патна исправа и да ги донесе во оригинал барањето и уплатницата. Кандидатот кој нема да дојде на обуката, ќе се смета дека не ја поминал обуката!
Во продолжение списокот на кандидати:
-Стефче Утковски
-Христијан Мицоски
-Миле Јанчески
-Антонијо Јанчески
-Муамет Ајдиновски
-Мартин Томески
-Севди Ќулафовски
-Тоде Костов
-Христијан Ивановски
-Томи Стојчевски
-Илија Димчевски
-Дритан Садики
-Беким Исени
-Диљавер Бајрами
-Фуркан Бајрами
-Сухејб Фејзулаи
-Џавит Идризи
-Ерџан Бајрами
-Хабиљ Шерифи
-Рагми Бајрами
-Игор Здравески
-Виктор Ликоски
-Драги Николоски
-Горан Апостолоски
-Менде Ристевски
-Јован Китанов
-Никола Николовски
-Македонче Сидороски
-Митре Бошевски
-Џезми Салиу

Прва група за следење обука за полагање ловечки испит 25.05.2024

СПИСОК на кандидати кои ќе следат обука за полагање на ловечки испит на ден 25-ти мај 2024 година, во просториите на ЛФМ на ул.Никола Вапцаров бр.7а во Скопје, со почеток во 10 часот. Напомена: секој кандидат да носи лична карта или патна исправа и да ги донесе во оригинал барањето и уплатницата. Кандидатот кој нема да дојде на обуката, ќе се смета дека не ја поминал обуката!
Во продолжение списокот на кандидати:
-Сања Ковачка
-Јован Атанасов
-Антонио Коцов
-Стојанче Илиевски
-Стефан Јанев
-Благој Ѓорѓиев
-Димитрие Тошков
-Ѓорги Ивановски
-Далибор Алексовски
-Влатко Огненоски
-Горан Негријоски
-Стојанче Огненоски
-Михаил Гулабовски
-Ице Беличев
-Миле Јосифоски
-Ивица Лазаревски
-Горан Николовски
-Влатко Тошкоски
-Мики Чаламов
-Пецо Илиоски
-Оливер Пејковски
-Александар Павлов
-Александар Шутов
-Никола Ѓоргиев
-Тихомир Николов
-Митко Азманов
-Бошко Јосифоски
-Кадир Бајрамоски
-Астрит Ала
-Ендрит Шемшедини

Известување за следење на обука

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Сите кандидати кои уплатиле или ќе уплатат за следење на обука за полагање на ловечки испит, да пополнат барање и заедно со уплатницата да ги испратат скенирани на следниот е-маил: lfm_makedonija@hotmail.com , а на денот на обуката, барањето и уплатницата да ги донесат во оригинал!

Во прилог: барање

барање до ЛФМ за обука

Решение за утврдување надоместок за спроведување на обука за полагање на ловечки испит

 

Почитувани, согласно член 38 став 5 и член 65 став 1 од Законот за дивечот и ловството, службен весник бр.263 од 12 декември 2023 година, секој полнолетен граѓанин, кој поднел барање за полагање на ловечки испит, мора претходно да помине обука за полагање на ловечки испит, за која ќе добие потврда за спроведената обука издадена од Ловечката Федерација на Македонија. Согласно решението бр.50-3396/1 од 13 март 2024 година, издадено од МЗШВ, надоместокот за спроведување на обуката за полагање на ловечки испит ќе изнесува 1200 денари. Средствата може да ги уплаќате на следната жиро сметка: 300000001023580
Примач:Ловечка Федерација на Македонија
Депонент:Комерцијална банка ад Скопје
Цел на дознака: обука за ловечки испит
Обуките ќе се вршат во просториите на Ловечката Федерација на Македонија, улица Никола Вапцаров број 7А Скопје.
За термините и групите на кандидати ќе бидете информирани на официјалната веб страна на ЛФМ: www.lfm.mk како и на фб профилот и фан страната на Ловечката Федерација на Македонија.
Со почит, ЛФМ.
Добар поглед!

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа.Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Известување за сите граѓани кои сакаат да полагаат ловечки испит

Ги известуваме сите граѓани кои сакаат да полагаат ловечки испит, дека согласно новиот Закон за ,,дивечот и ловството”, мора прво да поминат обука за полагање во ЛФМ, за која ќе добијат потврда, која е услов при поднесување на барање за полагање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бидејќи Државата е во фаза на донесување на подзаконски акти, со кои надлежноста ќе и биде префрлена на ЛФМ и ќе биде пропишана целата постапка, ви апелираме да не поднесувате барања до МЗШВ, се додека не поминете обука за полагање во Ловечката Федерација на Македонија. За сите формалности, како што се: барање, жиро сметка за уплата, термини и распоред за спроведување на обука, благовремено ќе ве известиме.

 

Собранието го усвои Законот за дивеч и ловство

Овој закон е целосно усогласен со европските регулативи. Новините кое ги донесува овој реформски закон се многубројни .

  • Имено новина е тоа што на Ловечката федерација и се даваат поголеми јавни овластувања.
  • Од безбедносен аспект се предвидува задолжително обука пред полагањето на ловечкиот испит.
  • Флуоросцентните елеци стануваат задолжителни при ловење на дивеч.
  • Ново е и тоа што ловната сезона започнува порано а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловеч на ден за одделни видови на дивеч.
  • Дополнително, се овозможува законска можност за формирање на полигон за застрел на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч, со што се дава дополнителна мотивација за развој на ловниот туризам како и производство и промет на месо од дивеч.

Средба со политички партии

Во најавената серија од средби со политички партии, денес Ловечката Ферерација на Македонија оствари средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа пратеникот Драган Ковачки и Претседателот на комисијата за безбедност при ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев. На средбата ги презентиравме активностите на ЛФМ и ги посочивме проблемите со кои се соочуваме, пред се актуелната состојба со Законот за оружје и сите потешкотии со кои се соочуваат Македонските ловци, при постапките за добивање на дозвола за набавка на ловечко оружје. Заеднички констатиравме дека Секторот за оружје при МВР мора да се реформира, да се формира работна група за изготвување на комплетно НОВ ЗАКОН ЗА ОРУЖЈЕ, целосно усогласен со ЕУ директивата 2021/555, при што рокот од поднесување на барање за набавка на дозвола за оружје, до конечно одлучување да не биде подолг од три месеци и строго да се почитува, наспроти моменталната состојба со предмети кои се во постапка со години! Ги повторивме и останатите наши веќе познати барања во однос на поедноставување на целата постапка, лица кои служеле воен рок во ЈНА или АРМ, како и сите лица кои должат службено оружје, да не се упатуваат на обука за ракување со оружје, испитот кој сега се полага електронски, да се даде можност по барање на апликантот да може да се полага писмено или усно, ловечко оружје да се одзема само за прекршоци и кривични дела со елементи на насилство итн. Укажавме и на фактот дека се почесто има налети на возила на дивеч на патиштата низ целата Држава и потребно е да се изработи нова шема за сообраќајна сигнализација при што на сите критични делници ќе се постават сообраќајни знаци ,,дивеч на пат”, што ќе придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, заштита на дивечот и прецизирање на одговорноста. Во следниот период продолжуваме со уште средби со релевантни политички субјекти, во служба на подобрување на состојбите во ловството.

Со почит, ЛФМ.

ДОБАР ПОГЛЕД!